Станковиќ пред девет години го посрамоти Ноер со гол од центар (ВИДЕО)

Дејан Станковиќ пред девет години имаше мајсторија која дефинитивно не се заборава. Тогаш успеа против Шалке да постигне еден од најдобрите голови во историјата на Лигата на шампиони.

Станковиќ на 5 април 2011 година на стартот на мечот на „Џузепе Меаца“ успеа да ја испрати топката директно во мрежата на Мануел Ноер и тоа со фантастичен удар од речиси центар на теренот.

Интер и покрај тоа не успеа да победи на мечот, туку доживеа дебакл од 2-5 против Шалке и беше елиминиран од елитното натпреварување.