Српски навивачи во акција: Запленија знамиња на Албанија и Англија! (ФОТО)

Додека се водат битки на фудбалските терени во Германија, низ улиците на оваа земја има и навивачки војни кои засега не се во прв план, но се случуваат.

Албански навивачи вчера провоцираа со карти на „Голема Албанија“ и униформи и знамиња на „УЧК“, а денеска се случуваше реванш.

Српски навивачи запленија албански знамиња и дресови, но и англиски, против кои ќе водат битки вечерва и на трибините.

Сликата со албанските и англиските навивачи се пишува дека е плен на „Гробари“, додека сликата на која има само англиски знамиња е плен на „Делии“.