Србите не се плашат од Кејн - навивач му испрати „специјална“ порака!

Вечерва во Гелзенкирхен на Европското првенство се игра централниот натпревар од денешната програма на Европското првенство.

Во овој натпревар Англија влегува како голем фаворит, но и Србите натпреварот го чекаат со голем оптимизам. Доказ за тоа е атмосферата помеѓу фановите во Гелзенкирхен.

Србите расположени и со песна го чекаат натпреварот против најголемиот фаворит на турнирот, а еден од фановите имаше и транспарент со кој испрати специјална порака до првиот напаѓач на Англичаните, Хари Кејн.

„Хари Кејн да п**и к**ц“, стоеше на транспарентот кој го држеше високо.

Дел од атмосферата помеѓу српските фанови можете да погледнете во видеото на „Телеграф“ - ТУКА.