Сплитска Торцида со морбиден транспарент посака смрт на првиот човек на ХНС (ФОТО)

Непосредно пред Анте Будимир да го отвори резултатот на мечот меѓу Хрватска и Франција, на средина на источната трибина беше истакнат транспарент со морбидна содржина.

На тој дел се припадници на повеќе навивачки групи, претежно од јужниот дел на Хрватска, но доминираат членовите на Торцида.

„Да беше барем Кустиќ, а не Хрвоје Ќустиќ. Почивај во мир“, пишуваше на транспарентот.

Хрвоје Ќустиќ почина на 3 април 2008 година, по неколкудневна борба за живот поради несреќата на мечот меѓу Задар и Цибалија кога со главата удри во бетонски ѕид. Маријан Кустиќ, пак, е претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска кој на почетокот од 2025 година вторпат беше избран на оваа функција.