Спектакл во ЛШ: ПСЖ ја доби голеадата со Баерн, Челси е веќе во полуфиналето (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ и на Челси направија огромен исчекор кон пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ), откако вечерва, како гости, триумфираа во пресметките со Баерн Минхен (3-2) односно со Порто (2-0).

Мечот во Баварија беше вистински спектакл, во кој гостите од Париз максимално ги искористија сите шанси, со оглед што постигнаа три погодока од четири удари кон голот на Мануел Ноер. Домаќинот, пак, имаше дури 31 удар кон противничкиот гол, од кои 12 во неговите рамки, но тоа не беше доволно да се спречи поразот, прв за Баерн по низа од 19 средби по ред. Ова, воедно, беше прв неуспех за составот од Минхен на домашен терен по нешто повеќе од една ипол година.

Килијан Мбапе беше стрелец на два погодока за ПСЖ, првиот и последниот за својот тим во 3. односно 68. минута, додека Маркињос беше стрелец на вториот гол во 28. минута. Чупо Мотинг во 37. минута и Томас Милер во 60. минута беа реализатори на двата погодока за баварците.

Во Севилја, пак, на неутрален терен, не беше толку интересно, со оглед Челси ја имаше контролата во текот на целиот меч, а творци на успехот, најверојатно, вреден полуфинале беа Маунт во 32. и Чилвел во 85. минута.

Синоќа, Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3-1, а Манчестер Сити беше поуспешен од Борусија Дортмунд (2-1).