Спалети се изнервира: Немојте да уринирате по нас

Репрезентацијата на Италија ја продолжува одбраната на титулата на Европското првенство откако синоќа извлече бод против Хрватска со гол во 98. минута и како второпласирана во својата група оди во следната фаза.

Со оглед на квалитетот кој го имаат „аѕурите“ на ова првенство, пласманот во осминафиналето е огромен успех, но и покрај тоа во Италија не се задоволни од начинот на кој игра репрезентацијата. Затоа, на прес-конференцијата по мечот со Хрватска, селекторот Лучано Спалети доби низа незгодни прашања од новинарите поради кои се изнервира. Најмногу го налути прашањето за формацијата и за угодувањето на играчите.

„Не грижете се за мене, го сложив тимот за овој натпревар така, да бидеме добри од почеток до крај. Видовме дека можеме да постигнеме гол, но не знам какво е тоа прашање, што ќе беше ако испадневме? Се можеше да се случи, Хрватска можеше да победи, тоа е добра репрезентација. Вие ги анализирате натпреварите и велите дека не сум добар тренер поради тоа и тоа. И во ред, тоа е ваша работа, но немојте да уринирате по нас ако загубиме“, рече, меѓу другото, Спалети.

Италија веќе го знае својот противник во осминафиналето, тоа е Швајцарија, а евентуален триумф, многу веројатно ќе ја однесе на мегдан со Англија што би била реприза на финалето на претходното Европско првенство.