Словенија и Данска го одиграа првото реми на Европското првенство (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска не успеа да ја оправда фаворитската улога против Словенија и ремизираше 1:1.

Добро започнаа Данците и поведоа по 17 минути игра со голот на Кристијан Ериксен и тоа беше посебен момент. Данскиот ветеран го постигна првиот гол на Европските првенства точно 1.100 по она што му се случуваше на минатото ЕП.

Ериксен ја искористи одличната асистенција со пета на Винд и го матираше голманот на словенечката репрезентација. До крајот на првиот дел видовме по некоја прилика и на двете страни, но тоа беше единствениот гол.

Се играше динамично, а по неколку пропуштени прилики на Данците стигна казната на спротивната страна. Најголемата ѕвезда на Словенија во овој момент напаѓачот на Лајпциг, Шешко погоди една статива со удар од далечина, а само некоја минута подоцна Јанжа го изедначи резултатот.

Мотивирани од тој гол Словенија тргна и по комплетните три бода и создаде шанси, меѓутоа резултатот не се промени.

Ова беше и прво реми на ова Европско првенство.