Симоновски му даде гол на Феенорд, па холандскиот великан со пресврт до трето коло!

Поранешниот македонски младински репрезентативец Марко Симоновски вечерва му даде гол на холандскиот великан Феенорд, кој со тешки маки и пресврт успеа на крај да победи со 3-2 против косовска Дрита за да обезбеди пласман во третото коло во Конференциската лига.

После ремито без голови во Приштина, Дрита дојде на чекор до сензација откако Симоновски и Фазлиу за четири минути направија прв пресврт по раното водство на Феенорд за предност од 2-1 на паузата, но косовскиот тим не издржа во завршната четвртина од мечот, па Тил со два гола во 68-та и 90-та минута дојде до хет-трик за да го обезбеди триумфот.

Македонскиот репрезентативец милан Ристовски даде гол од пенал во рулетот против Сепси, за Спартак Трнава да ја продолжи евроавантурата со триумфот со 4-2 на пенали по регуларните 1-1.

Во трето коло оди и Ујпешт со Стефан Јевтовски после триумфот со 3-1 против Вадуц на гости, како и Жилина на Енис Фазлагиќ после ремито 2-2 со кипарски Аполон, па пресуди домашниот триумф со 3-1.

Во следно коло оди и летонска РФС каде член е Дарко Мицевски со вториот триумф против Академија Пушкаш со 2-0 на гости, откако дома триумфираа со 3-0, а и хрватска Риека, каде член е репрезентативецот Дарко Велковски кој не играше со тирумфот со 1-0 против Гизра