
Шпанците гневни поради играта на Шкотска: Ова не е фудбал, ова е ѓубре!
Фудбалерот на Манчестер сити го критикуваше стилот на игра на Шкотска.
„Тие имаат таков стил и тоа мора да го почитуваш, но тоа не е фудбал, тоа е ѓубре. Секогаш трошат време, провоцираат и паѓаат. Судијата мораше да интервенира“, вели Родри.
По две одиграни кола Шкотска е прва со шест бодови, по што следи Шпанија со три, а Норвешка и Грузија имаат по еден бод. Кипар е последен во групата без освоен бод.