Шкупи против косовски Балкани ќе брка групна фаза во Конференциска!

Македонскиот шампион Шкупи против косовски Балкани ќе брка групна фаза во Конференциската лига, откако вечерва го дозна противникот по повеќе од два часа фудбал на Фарските острови, каде Косовците по пенал-рулет стигнаа до завршното коло во евроквалификациите.

Балкани замина на фарските острови со минималниот гол предност од домашниот меч пред една недела со триумфот со 3-2, а минута пред крајот на мечот примија гол за дуелот да влезе во продолженија и Фараните да ја надоместат таа негатива со предноста од 2-1, која остана и после дополнителните пола час игра во продолженијата, па решаваа пеналите.

Во рулетот, Ки Клаксвик промаши двапати, а Балкани само еднаш и со 4-3 славеше во истиот и дојде на чекор до пласман во плејофот, па сега чаирчани ќе им се противници во завршната рунда, откако Шкупи со два порази испадна од ирски Шамрок во третото коло во Лига Европа.

Шкупи летово на стартот на подготовките за оваа европска авантура загуби од Балкани со 0-2 во контролниот меч. Мечевите се идниот четврток (18 август), односно седум дена потоа (25 август).