Луда трка: Италијанец леташе како Болт, но остана без - историски резултат (ВИДЕО)

Италијанскиот спринтер, Марсел Џејкобс, победи на трката на 100 метри на Австрија опен во Ајзенштат со неверојатно време од 9,67 секунди, но неговиот фантастичен резултат нема да биде признаен како официјален.

Олимпискиот шампион од Токио со ова би го имал третото најбрзо време во историјата на дисциплината, зад двата најдобри резултати на Јусеин Болт, но тоа нема да се случи поради силниот ветер во грб од +4,1 метар во секунда. Тоа е значително над дозволената граница од +2,0 м/с, поради што резултатот не може да биде впишан во официјалните рекорди. Светскиот рекорд и натаму останува неговите 9,58 секунди, остварени во регуларни услови.

Џејкобс немаше идеален старт и во првите метри заостануваше зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк. Но, кога ја достигна максималната брзина, Италијанецот доминантно се одвои и победи со околу еден метар предност. Одлични резултати остварија и неговите ривали. Глејв ја истрча „стотката“ за 9,76 секунди, додека Ван Никерк забележа време од 9,83 секунди.

ФОТО: X / @ItaliaTeam_it