Се „запалија“ социјалните мрежи: Дали Роналдо доби црвен картон за – ништо!? (ВИДЕО)

Во дуелот помеѓу Валенсија и Јувентус на „Месталја“ се случи непријатна ситуација кога Кристијано Роналдо доби директен црвен картон по еден дуел со противнички играч.

Португалецот беше исклучен на средината на првото полувреме од страна на судијата Феликс Брих, а веднаш почнаа коментарите на социјалните мрежи.

На нив се појави снимка на која се гледа нивниот дуел поради кој Роналдо е исклучен. Прво противникот падна, а потоа Портуалецот му пријде и имаше контакт со него, по што се создаде хаос помеѓу фудбалерите.

Многу навивачи застанаа во одбрана на Портуалецот, а дали имаше контакт за црвен картон проценете сами.