Се сменија работите, Барселона е пред елиминација од Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

ПСЖ веќе е во предност, со гол на Мбапе од пенал поведоа со 3-1 на Монжуик и вкупната предност е на нивна страна, 5-4.

Барселона на почетокот од мечот беше во идеална позиција, но црвениот картон на Араухо промени сѐ. ПСЖ максимално ја искористи предноста од човек повеќе, последен погоди Мбапе од пенал за 3-1.