„Сан Паоло“ е празен, ама однадвор – гори: Неапол се простува од Марадона (ВИДЕО)

Напoли вечерва ќе ја дочека Риека, македонскиот бисер Елиф Елмас е стартер на мечот, ама пресметката во Лига Европа е во втор план, зашто од вчера Неапол е во солзи после смртта на идолот и божеството Диего Армандо Марадона.

Херојот на наполитанците почина вчера на 60 години, па раки од солзи се лијат во градот под Везув. За еден час стартува мечот на „Сан Паоло“, кој за две недели ќе биде преименуван во Диего Марадона, а стадионот ќе биде празен поради пандемијата со коронавирус. Ама, ковид-19 е најмала и непостоечка пречка за навивачите, кои веќе пред стадионот со синоќа оддаваат почит кон својот идол, а вечерва гори пред фудбалскиот храм.