Само еден човек бил европски шампион како играч и селектор, Дешам и Куман можат да му се придружат

Европското фудбалско првенство кое почнува утре со себе носи и низа куриозитети и рекорди од кои дел можеби ќе бидат соборени во следниот месец.

Еден од поинтересните е оној на Берти Фогтс кој е единствен кој бил европски првак како играч и како селектор. Во 1972 година триумфираше како член на германската репрезентација на шампионатот во Белгија, а 24 години подоцна, исто така со „Елф“, но сега на селекторската клупа, го освои првенството што се одржа во Англија.

Шанса да му се придружат на претстојниот шампионат имаат Дидие Дешамп и Роналд Куман, селекторите на Франција и Холандија. Дешамп триумфираше со „триколорите“ на Еуро 2000 во Белгија и Холандија, а Куман со својата репрезентација го освои првенството во 1988 година.

Од селекторите на другите репрезентации, уште петмина настапиле на европските првенства како играчи: Герет Саутгејт (селектор на Англија), Мурат Јакин (Швајцарија), Винченцо Монтела (Турција), Вили Сањол (Грузија) и Драган Стојковиќ (Србија).