„Руиз е екстремно потценет, ако имаше друго име - сите ќе зборуваа за него“

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте смета дека Фабијан Руиз е екстремногу потценет фудбалер и не го добива вниманието кое го заслужува.

Руиз даде спектакуларен гол против Хрватска и беше прогласен за играч на натпреварот.

Тој откако со Наполи го освои Скудетото, се пресели во ПСЖ и таму настапува со голем успех. Но и покрај сѐ ретко кој зборува за Фабијан Руиз.

„Ако Фабијан се викаше поинаку, сите луѓе постојано ќе зборуваа за тоа колку е добар. Верувајте ми, тој е екстремно потценет играч“, вели селекторот на Шпанија, Де ла Фуенте.