Ристовски стартер за Динамо Загреб на дуелот против Селтик

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски ќе биде стартер во вечерашниот меч меѓу Динамо Загреб и Селтик во шестото коло од групата фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Хрватскиот гигант во Загреб ќе го пречека ривалот од Селтик, а Ристовски од првата минута ќе се обиде на соиграчите да им помогне во борбата за бодови.

Динамо се наоѓа на 23. место во групата со седум бодови, додека Селтик е на 20. позиција со еден поен повеќе.