Реал и со играч повеќе едвај ја победи Аталанта, Сити рутински со Борусија (ВИДЕО)

Фаворитите Реал Мадрид и Манчестер сити обезбедија предност во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони и тоа како гости. 

Реал Мадрид уште од 17-тата минута играше со играч повеќе во Бергамо кај Аталанта, но постигна победнички гол во финишот. Ремо Фројлер направи старт за црвен картон врз Бенжамин Менди, кој ќе изибиеше сам пред голманот на домашниот тим. Токму левиот бек на „кралевите“ го постигна единствениот и победнички гол на натпреварот во 86.минута. Французинот се намести на послабата десна нога и биеше од далечина па го матираше Голини на голот на Аталанта.

Манчестер сити со по еден гол во двете полувремиња дојде до триумф како гостин против Борусија Менхенгладбах. Натпреварот се играше на неутрален терен во Будимпешта. Бернардо Силва погоди со глава во 29-тата минута, а Габриел Жесус стрелаше во 65-тата минута за конечни 0-2. 

Реваншите се во Мадрид, односно Манчестер за три недели.