Работнички почна со продажба на билети за мечот против Торпедо

Поранешниот македонски шампион Работнички во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА ќе се соочи против Торпедо Белаз, а веќе ги пушти во продажба билетите за реваншот.

Работнички најпрво ќе се соочи против Торпедо во Унгарија утре од 20 часот, додека реваншот е закажан за 17 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„ФК Работнички преку онлајн мрежата на МКТикетс ги пушти во продажба билетите за реваншот против Торпедо-Белаз. Отворена е Северната трибина, а билетите по цена од 200 денари можат да се купат на следниот линк...“, објави Работнички.