Пропадна во земја од срам: Силва го изведе најлошиот пенал во кариерата (ВИДЕО)

Манчестер сити загуби на пенали од Реал Мадрид на „Итихад“ и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а за време на ударите од белата точка посебно се посрамоти Бернардо Силва.

Силва испрати ужасен удар кон голот на Андреј Лунин, кој дефинитивно беше најлош пенал во неговата кариера и дефинитивно им помогна на „кралевите“ да остварат триумф среде Манчестер.