Посебен момент: Ериксен 1.100 дена по страшните сцени постигна гол за Данска на ЕП! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска стигна до водство против Словенија по 17. минути игра, а овој голот го постигна Кристијан Ериксен за кого ова беше посебен момент.

 

Добро е познато што се случуваше со Ериксен на последното Европско првенство, но данскиот ветеран по се низ што помина се врати на терените и продолжи со фудбалот. 

Денес точно 1.100 дена по страшните сцени на минатиот шампионат судбината сакаше Ериксен да го постигна првиот гол за Данска на ова Европско првенство, меѓутоа и воопшто неговиот прв на континенталите собири.

Треба да се истакне и одличната асистенција на Винд со петта пред Ериксен да ја семсти топката во мрежата.