„Поради алчноста за пари од фудбалот направивте биолошка бомба!“

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша почна вербална војна со неговиот сонародник и претседател на УЕФА, Александар Чеферин за пандемијата на коронавирусот.

Чеферин коментираше дека власта во неговата држава не реагирала како што треба во ваква ситуација на економски план, по што веднаш Јанша одговори на критиките.

Јанша кажа дека Чеферин можел да спречи пандемија доколку порано ги одложен натпреварите во Лигата на шампиони.

„Тоа беше толку алчен, неодговорен и криминален потег, па затоа ширењето на вирусот ја стави во опасност и Словенија. Тоа беше биолошка бомба по која повеќе ништо не беше исто. Дури и по предупредувањата од Светската здравствена организација, која прогласи пандемија, некои натпревари не беа откажани, а тоа е поради алчноста кон парите“, кажа Јанша, а мислеше на мечот меѓу Аталанта и Валенсија во Милано, кој беше означен како „биолошка бомба“.