Погодија Вилијамс и Ојарзабал, ама да не беше Олмо... (ВИДЕО)

Цела репрезентација на Шпанија имаше придонес во освојувањето на четвртата шампионска титула на европските првенства, но веројатно засекогаш ќе се памти она што се случуваше во вечерашното финале во Берлин.

Шпанците триумфираа со 2-1, головите ги постигнаа Нико Вилијамс и Микел Ојарзабал, па нивните имиња ќе бидат запишани во историјата. Сепак, ништо од тоа немаше да се важи ако не беше магичната интервенција на Дани Олмо во финишот од мечот.

Англичаните притиснаа со сите сили, по еден корнер Рајс шутираше и Симон одбрани, на одбиената топка налета Гуехи кој веќе го совлада противничкиот голман, но од гол-линијата, Олмо изби во поле и спаси сигурно израмнување. Секако еден од моментите кои долго ќе се паметат.