
Победата на Германија ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Нагелсман!
Германската фудбалска федерација и Нагелсман претходно си имаа подадено рака за продолжување на договорот заклучно со СП 2026, но имаше клаузула која го правеше договорот валиден.
Клаузулата гласеше дека договорот ќе стане валиден ако Германија се пласира во нокаут фазата од Европското првенство.
Тоа се случи денеска, со триумфот над Унгарија, Германците и официјално се во осминафиналето, а со тоа е продолжен и договорот на Нагелсман.