Новата сезона во ЛШ ќе биде ептен брза: Групната фаза ќе се одигра за месец ипол!

Актуелната сезона во ЛШ која треба да се дозаврши во Лисабон со специфичен и досега невиден систем на фајнлејт, во новата сезона ќе донесе уште поголем спектакл и ќе се одигра групната фаза неверојатно брзо – за само месец и половина.

Од поодамна беше познато дека стартот на новата сезона ќе биде на 20 октомври, поради продолжението на актуелната сезона предизвикано сето тоа од пандемијата со коронавирус. Но, УЕФА е решена набрзина да се завршат мечевите во групи, па потоа во нормални термини да се одигра елиминациската фаза од пролет.

Така сезоната ќе стартува на 20 октомври, а ќе се заврши на 9 декември и во овој период ќе треба да се одиграат шест кола во групите со по 16 меча во секоја рунда или севкупно, фудбалскуите фанатици за месец ипол ќе може да гледаат возбудувања на 96 дуели во европската елита.

Според распоредот што УЕФА го објави, осминафиналето традиционално ќе започне во втората половина од февруари и ќе се игра до средина на март, па четвртфиналето ќе се комплетира во април, а полуфиналето ќе се игра на крај на април и почеток на мај, за целата сезона да заврши на 29 мај во Истанбул, кој ја добива организацијата откако годинава нема да може да го организира финалето како што првично требаше.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА ЛШ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

ГРУПНА ФАЗА
прво коло – 20 и 21 октомври
второ коло – 27 и 28 октомври
трето коло – 3 и 4 ноември
четврто коло – 24 и 25 ноември
петто коло – 1 и 2 декември
шесто коло – 8 и 9 декември

ОСМИНАФИНАЛЕ
први мечеви – 16/17 и 23/24 февруари
ревашни – 9/10 и 16/17 март

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
први мечеви – 6 и 7 април
реванши – 13 и 14 април

ПОЛУФИНАЛЕ
први мечеви – 27 и 28 април
реванши – 4 и 5 мај

ФИНАЛЕ
29 мај – Истанбул