Не била Шкендија толку слаба, туку Карабах е пресилен

Азербејџанскиот првак Карабах може да се подготвува за нов настап во Лигата на шампионите откако синоќа го растури Ференцварош како гостин со 3-1 во плејофот за Лигата на шампионите.

Со тоа овој тим потврди дека е пресилен за оваа конкуренција откако минатата недела на домашен терен беше подобар од македонскиот првак Шкендија со 5-1.

Интересно е тоа што унгарскиот тим го отвори резултатот на овој меч преку Варга во првото полувреме, за во вториот дел Јанковиќ, Медина и Курбанли од 50. до 82. минута да постигнат по еден гол за убедлив триумф на азербејџанскиот тим.

Карабах повеќе од една деценија е редовен учесник во главниот дел од европските купови, но во Лигата на шампионите чека пласман од 2018 година. Сега ги има сите услови да се врати во елитното натпреварување.