Навивачите на Барселона среде ноќ пукаа огномет над хотелот на ПСЖ (ВИДЕО)

Барселона вечерва ќе го пречека ПСЖ во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а минатата ноќ навивачите на домашниот тим имаа „изненадување“ за гостите.

Навивачите на каталонскиот гигант среде ноќ пукаа огномет над хотелот со ѕвездите на ПСЖ и ги оставија без сон, а останува да видиме дали тоа ќе има влијание врз нивната игра.

ПСЖ го загуби првиот меч против Барселона со 2-3 на „Паркот на принцовите“.