На херојот на БиХ му пропадна трансферот на животот!

Трансферот на босанскиот напаѓач, Јово Лукуќ во египетскиот Пајрамидс кој беше договорен, пропадна поради здравствени причини.

Лукиќ паднал на медицинските прегледи, му откриле проблеми со срцето, по што египетскиот клуб одбил да го потпише договорот.

28-годишниот фудбалер е член на Клуж, романскиот клуб за него бараше три милиони евра.

За Лукиќ, покрај Пајраминдс, имаше интерес и од Саудиска Арабија, Бешикташ, Рен, Хофенхајм и Сент Паули, но понудата на египетскиот клуб беше убедливо најдобра и за клубот и за фудбалерот.

Лукиќ е херојот на БиХ, тој постигна гол на Светското првенство против Канада. Неговата трансфер вредност според „Трансфермаркт“ е 2,2 милиони евра.

Тешко дека ќе добие друга висока понуда во кариерата колку онаа од ФК Пајрамидс, нејасно е и дали ќе остане во Клуж или ќе замине ова лето.