На ЕП во Германија ќе биде поевтино да се преноќи во бордел отколку во – хотел!
„Дејли стар“ отиде чекор понатаму и им пресмета на фановите како можат да заштедат. Англичаните во второто коло ќе играат против Словенија во Келн, кој е на само еден час возење од Гелзенкирхен, каде што во првото коло ќе ги одмерат силите против Србија. Сместувањето во борделот „Паша“, кој е основан во 1972 година и низ кој дневно минуваат повеќе од 1.000 клиенти е „само“ 200 евра.
„Имаме на располагање 13 еднокреветни соби. Една од нив чини 199 евра од ден и вклучува појадок и влез во нашиот ноќен клуб и бордел“, изјави еден од менаџерите за „Дејли стар“.
„Паша“ има 12 ката и вработува 120 проститутки. Цените, пак, во хотелите во овие германски градови се движеа од 80 до 100 евра, но овие капацитети веќе се распродадени, а останатите се поскапите варијанти од 300 до 700 евра од ноќевање. Сосема доволен мотив за фановите да го посетат овој бордел или некој друг сличен објект и за помалку пари да си поминат далеку – позабавно.