Момче го прекина финалето на ЕП, редарите едвај успеаа да го фатат (ФОТО+ВИДЕО)

Во завршницата од регуларниот дел на финалето на Европското првенство (ЕП) меѓу Италија и Англија се случи мала брканица на теренот кога влета еден навивач, а обезбедувањето едвај го запре.

Судијата Бјорн Кујперс мораше да почека додека обезбедувањето се мачеше да го запре младото момче, кое без маичка на себе трчаше и ги прескокнуваше редарите, кои на крајот сепак го фатија на теренот.