Милан загуби од Аталанта и си ја искомплицира борбата за ЛШ
Аталанта доминираше и во првиот половина час постигна два гола, и тоа преку Едерсон и Ѕапакоста за предност од 2-0, додека Распадори на почетокот на вториот дел стрелаше за предност од 3-0.
„Росонерите“ тргнаа во офанзива со надеж дека ќе избегнат катастрофа, а Павловиќ намали на 1-3 во 88. минута, додека Нкунку во судиското надополнување погоди за 2-3.
Милан од трка за титула, по серијата лоши резултати се доведе во ситуација да не му е безбеден пласманот во ЛШ за идната сезона. „Росонерите“ имаат 67 бодови на четвртата позиција, а исто толку има и Рома.
Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio