Флик во солзи: Никогаш нема да го заборавам овој ден! (ВИДЕО)

Барселона со триумфот над Реал Мадрид од 2-0 ја освои шампионската титула во Ла Лига, а денот дефинитивно беше тежок за тренерот Ханси Флик, кој утрово го загуби својот татко, а вечерва го освои пехарот.

Флик остана покрај клупата на каталонскиот гигант, и покрај семејната трагедија, а по натпреварот со „кралевите“ даде изјава во солзи.

„Никогаш нема да го заборавам овој ден. Им благодарам на навивачите. Среќен сум, ја заслуживме титулата“, кажа Флик.

Цел стадион скандираше „Ти благодариме Флик“, откако тренерот му донесе нов трофеј на тимот од Каталонија.