Младинците на Шкендија ќе се соочат против Хајдук во ЛШ

Младинските фудбалери на Шкендија, кои се актуелни шампиони на Македонија, ќе се соочат со Хајдук Сплит во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а сега се познати и термините на нивното соочување.

Актуелниот шампион на македонија ќе игра во првото коло од младинската ЛШ, а ждрепката во Нион реши првиот меч да се одигра на 30 септември во Македонија, додека реваншот е закажан за 20 октомври во Хрватска.

Надежите на Шкендија по третпат ќе настапат во натпреварувањето, откако пред две години беа совладани од Динамо Киев со 2-10, додека потоа Нитра им пресуди на тетовските младинци со 1-2.