
Мбапе тврди дека европското првенство е потешко од светското, Меси му врати: Ви фалат многу шампиони
Со тоа не се согласи најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси кој во 2022 токму со победата против Франција во финалето, ја освои титулата на Мундијалот во Катар.
„Секој го цени она што го игра. Еуро е многу важен настан, но на него ја нема Аргентина, троен и актуелен светски шампион. Го нема ни Бразил кој пет пати беше светски првак, ниту Уругвај кој има две титули. Малку премногу светски шампиони нема на тоа натпреварување за да можеме да кажеме дека Еуро е најтежок, нели? На светско првенство играат најдобрите репрезентации и најчесто сите кои ја освојувале титулата. Затоа сите сакаат да бидат светски шампиони“, одговори Меси.
Тој со Аргентина летово ќе ја брани титулата на Копа Америка, натпреварување кое ќе се одржи во САД.