Мбапе го испрати Гвардиол „по бурек“ и го матира Едерсон (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе има одлично прво полувреме против Манчестер сити, откако постигна и втор гол во 33. минута.

Мбапе доби одлична асистенција од Родриго, по што го измами Јошко Гвардиол и го испрати во погрешен правец, а потоа ја затресе мрежата на Едерсон за водство од 2-0 на „кралевите“.