„Марка“: УЕФА пресече – откажани се сите мечеви во ЛШ и Лига Европа

Угледната шпанска „Марка“ објави предмалку дека УЕФА и покрај обидите да најде соломонско решение, на рајот морала да пупушти па одложени се мечевите во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Засега се чека официјална потврда за одлуката на УЕФА, но позитивниот счучај на Даниеле Ругани, фудбалерот на Јувентус со коронавирус, како и фактот дека Јувентус, Интер, а од денеска и Реал Мадрид се во карантин, значи дека нема услови за фудбал, ниту би било регуларно натпреварувањето ако се форсира по секоја цена да се игра по предвидените термини.

Серија А и Ла Лига патем се одложени, а од понеделник тоа ќе го направи и Бундеслигата. Засега нема информации дали УЕФА одложила буквално сè, меѓу кои и баражите за Евро 2020 и мечот Македонија – Косово, нешто што ФФМ уште вчера официјално го побара.