Малер за српската репрезентација - еден од најдобрите играчи во солзи го напушти теренот (ВИДЕО)

Освен тоа што прими гол, репрезентацијата на Србија во првото полувреме остана без еден од најважните играчи во составот.

Станува збор за Филип Костиќ кој на две минути пред крајот на првиот дел мораше да го напушти теренот поради повреда. Засега не се знае за што точно се работи и тоа веројатно ќе се знае по завршувањето на натпреварот.

Поради повредата, Костиќ во солзи го напушти теренот и најверојатно нема повеќе да се појави во српската репрезентација до крајот на првенството.