Малдини открива: Разговаравме со Гвардиола, бевме блиску до договор!
Во интервјуто откри дека бил блиску до договор со Пеп Гвардиола, но на крајот сè пропаднало поради тоа што тренерот сакал да одмори од фудбалот.
„Пеп најдобро се вклопуваше во нашата визија. Го посетивме во Барселона, разговаравме цел ден и бевме блиску до договор. Дури почна да ни црта формации, не се зборуваше за пари. Причината поради која нè одби е заморот. Доаѓа по 10 исцрпувачки години во Англија, го оперираше грбот и сака да се одмори“, раскажува Малдини.
Фото: FIGC Italian Football Federation