Македонија со триумф над Израел го освои 9. место на ЕП до 18 години!

Македонската ракометна репрезентација до 18 години триумфира против Израел со 39-29 во борбата за деветтото место на Европското првенство (ЕП) во Србија.

Првото полувреме донесе динамична игра со многу голови, а Израел на паузата замина со еден гол предност (20-19).

Македонските надежи се разбудија во вториот дел кога ја преземаа контролата врз натпреварот и остварија убедлива победа над Израел со 39-29.

Најефикасни во македонскиот тим беа Ѓоргиевски и Дамчевски со по осум голови.

Фото: РФМ