Шок во Торонто: Сабаленка елиминирана во осминафиналето – опасно ѝ се „ниша“ тронот!
Русинката до големиот триумф стигна по два ипол часа игра. Првиот сет беше решен во тај-брејк, во кој Александрова беше подобра со 7-3, пред Сабаленка да возврати и со 6-4 да израмни на 1-1. Одлуката падна во третиот сет, а Александрова успеа да го добие со 6-4 и да приреди едно од најголемите изненадувања на турнирот.
Елиминацијата дополнително ја разниша позицијата на Сабаленка на врвот на светскиот тенис. Иако по завршувањето на турнирот во Торонто не е можна промена на лидерската позиција на ВТА-листата, Елена Рибакина има можност драстично да ја намали разликата. Доколку Казахстанката го освои трофејот во Торонто, ќе се доближи на само четири бода до Сабаленка и практично целосно ќе ја отвори битката за светскиот број еден.
Дополнителен проблем за Белорусинката е бројот на бодови што треба да ги брани во следниот период. Во наредниот месец Рибакина брани само 630 бода, додека Сабаленка треба да одбрани дури 2.215. Таквата ситуација би можела многу брзо да донесе промена на врвот на ВТА-листата и жестока битка за првото место во продолжението од сезоната.
ФОТО: X / @Sabanewsss