Македонските екипи како маѓепсани со Пјуник – седми меч по ред без триумф над Ерменците!

Шкупи имаше огромни 3-1 до 80-та минута на гостувањето кај добро познатиот Пјуник од Ереван, но чаирчани и со два гола предност не успеаа денеска да победат и да издржат во завршницата, па ремизираа 3-3, а со тоа продолжи успешната серија без пораз против македонските екипи на еден од најпопуларните ерменски клубови.

Пјуник досега трипати играше со македонски екипи во Европа, вкупно шест меча, а ова им беше и седми и беа најблиску до пораз. Арно ама, пак не загубија. Како да има „магија“ врз нашите претставници кога станува збор за пресметките со ерменскиот клуб.

Сѐ почна во 2004 година со славниот меч со Скопје со Победа на кој триумфираше Пјуник со 3-1, а прилепчани четири години подоцна настрадаа, па осум сезони беа избришани за местенката која УЕФА ја докажа, а спортскиот суд во Лозана потоа ја потврди одлуката за суспензија. Пјуник во ревашнот одигра 1-1 и обезбеди пласман понатаму.

Следна пречка на ерменскиот клуб беше Тетекс во 2013 година, кога по 1-1, триумфираа Ерменците со 1-0 во реваншот и го елиминираа македонскиот европретставник. Лани, од Пјуник настрада Вардар со два порази 0-1 во Ереван и 0-2 во Скопје.

Денеска Шкупи беше најблизу да победи, ама не успеа. Шанса за поправен чаирчани имаат за една седмица.