Лоши вести за Покетино: ПСЖ ќе биде ослабен во реваншот со Сити

ПСЖ се соочува со големи проблеми пред реваншот во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) против Манчестер сити затоа што најверојатно нема да смета на Килијан Мбапе.

Иако во претходните денови се шпекулираше дека Мбапе ќе биде подготвен за дуелот со „граѓаните“, сепак тој не беше во состојба да тренира со остатокот од тимот и најверојатно нема да го почне мечот на „Итихад“.

Тренерот Маурицио Покетино, наводно, подготвува тим со Мауро Икарди во нападот, додека зад него ќе бидат Нејмар, Ди Марија и Драклсер.

Реваншот се игра со почеток од 21 часот.