Ливерпул се „коцка“ - од 3-0 до 3-3 против Салцбург (ВИДЕО)

Ливерпул одлично го почна мечот на „Енфилд“ против Ред Бул Салцбург, откако за само 36 минути поведе со 3-0, но веднаш потоа следуваше пад во играта на домаќините.

По головите на Садио Мане, Робертсон и Мохамед Салах, Салцбург постигна гол преку Хуанг Хи-Чан за намалува на 1-3 во првото полувреме.

Сепак, во вторите 45 минути Салцбург тргна пожестоко, па во 56. минута тие намалија на 2-3 преку Минамино, а само четири минути подоцна израмнија на 3-3 со голот на Халанд.