Лајпциг го постигна првиот гол во групите на ЛШ за само - три минути (ВИДЕО)

Бундеслигашот Лајпциг имаше добар почеток на натпреварот против Јанг Бојс бидејќи постигна гол по само три минути игра, но домаќините до крајот на првото полувреме стигнаа до израмнување.

Мохамед Симакан го матира голманот на Јанг Бојс во третата минута од средбата, но радоста на гостите траеше до 33. минута кога Мешак Елиа стрелаше за 1-1.