Лацио се посрамоти во Норвешка, Бодо го надигра калчолигашот (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Лацио пристигна во Норвешка како голем фаворит против Бодо/Глимт, меѓутоа на крајот загуби со 0-2 во првиот меч од четвртфиналето во Лига Европа.

Бодо ги постигна двата гола преку Улрик Слатнес во второто полувреме. Норвешкиот фудбалер најпрво стрелаше во 47. минута, а потоа во 69. минута го потврди триумфот на домаќинот.

Реваншот меѓу Лацио и Бодо се игра во Рим на 17 април од 21 часот.

Фото: EPA PHOTO