Лацио како фурија низ Амстердам за враќање на првото место, Динамо Киев испадна (ВИДЕО)
Римскиот тим славеше во дербито на шестото коло против Ајакс, совладувајќи го како гостин со 3-1. Чаума во првото полувреме го доведе Лацио во водство, но вистинската борба се водеше во вториот дел. Прво Траоре израмни, за потоа Деле Баширу и Педро да ги однесе „сините“ до петтиот триумф во шестото коло од Лигата Европа.
Со тоа Лацио стигна до вкупно 16 бода, пет повеќе од деветтопласираниот Тотенхем и за директен пласман во осминафиналето му е потребна една победа во последните два меча.
Исклучително значајна победа оствари Порто кој го победи Митјиланд со 2-0 и се искачи на 18. место на табелата. По ова коло е јасно дека Динамо Киев нема повеќе шанси за пласман во плејофот бидејќи украинскиот гигант е без бодови, додека 24-пласираниот Елфсборг собра 7.
РЕЗУЛТАТИ
Ајакс - Лацио 1-3
Бодо - Бешикташ 2-1
Елфсборг - Карабах 1-0
Лион - Ајнтрахт 3-2
Макаби - Стеауа 2-1
Порто - Митјиланд 2-0
Ренџерс - Тотенхем 1-1
Сосиедад - Динамо Киево 3-0
Славија - Андерлехт 1-2