Копенхаген по само четири минути ја анулира предноста на Башакшехир (ВИДЕО)

Скоро пет месеци пауза поради пандемијата со Ковид-19, фудбалерите на Копенхаген го постигнаа првиот гол во Лига Европа во пост-корона ерата и тоа само по четири минути од почетокот на реванш-средбата со турски Башакшехир.

Стрелец на погодокот беше Јонас Винд, кој одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот и со глава ја смести топката во мрежата. Данците со ова ја анулираа предноста на ривалот од првиот меч, што отвора простор за уште поинтересен меч во Копенхаген.