Јаневски со две промени во одбраната и една во – нападот! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар вечерва од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го одигра третиот меч во групата Л во Лига Европа, против шпански Реал Сосиедад, а за овој меч вардаровиот кормилар Чедомир Јаневски повторно направи три промени во однос на последниот меч во Трондхајм против Розенборг (1-3).

Откако е дојден на клупата на Вардар со најмногу промени се соочи во дефанзивната линија, пред се поради повреди и суспензии, уште од ревашнот со Фенербахче. Украинскиот интернационалец Евгениј Новак се враќа по повредата на стоперската позиција, Дарко Глишиќ сега ќе биде лев бек на место Бесир Демири, кој играше на таа позиција на последниот меч, а шанса од стартот добива и Итало, кој влегува на местото на Дејан Блажевски.

На голот ќе биде стандардно Филип Гачевски, а во одбраната Јаневски со две промени. Покрај Хофханес Хамбарџумјан на десната бековска позиција и Бобан Грнчаров во тимот се враќа Евгениј Новак како партнер на капитенот на стоперската позиција, додека Дарко Глишиќ ќе биде лев бек на овој меч.

Во средина, Бобан Николов и Никола Глигоров ќе бидат централните фудбалери за врска, а по крилните позиции ќе играат Џамбул Џигаури и Тигран Барсегјан, кои ќе треба и дефанзивно со својата борбеност да ги затворат продорите по крилните позиции на Шпанците. Хуан Фелипе стандардно е на плејмејкерската позиција, а Бразилецот Итало ќе игра во нападот. Итало беше еден од најдобрите фудбалери на Вардар во дербито со Шкендија, па првотимскиот статус му е еден вид награда за добрата работа по враќањето од повредата.

За тимот на Реал Сосиедад вечерва ќе настапат, Џеронимо Рули, Диего Љоренте, Асиер Иљараменди, Игор Зубелдиа, Чаби Прието, Вилијан Хозе, Ариц Елустондо, Серхио Каналес, Микел Ојарзабал, Алберто де ла Бела, Андони Горосабел.