Изненадувачки: Бразилец од Галатасарај е стрелец на најубавиот гол сезонава во ЛШ (ВИДЕО)

Со гласање на фудбалскиот вљубеници од целиот свет беше избран најубавиот гол во изминатава сезона од Лигата на шампионите, која заврши со триумф на Реал Мадрид во големото финале против Борусија Дортмунд (2-0) на „Вембли“.

Помалку изненадувачки, наградата замина во рацете на бразилскиот интернационалец во дресот на Галатасарај, Тете.

Тој признанието го доби за изедначувачкиот погодок во 88. минута од мечот против Копенхаген (2-2), кога погоди со прекрасен волеј удар од линијата на противничкиот шеснаесетник.