Интер ќе го казни Видал поради глупавиот потег кон главниот судија (ВИДЕО)

Интер ќе го казни Артуро Видал поради црвениот картон кој го заработи во мечот против Реал Мадрид (0-2) во Лигата на шампиони.

„Газета дело Спорт“ објави дека Интер остро ќе го казни Видал кој ги остави соиграчите во тешка ситуација поради глупавиот потег кон главниот судија Ентони Тејлор.

Тејлор му покажа жолт картон на Видал, кој збесна и реагираше бурно кон судијата, а тој му покажа уште еден жолт картон и го исклучи од натпреварот.

Засега не е познато каква казна ќе добие Видал, но дефинитивно не му се пишува добро на Чилеанецот.